Свет

Лојалноста кон брендовите се намалува

01 ное 2021

Според студијата на ГфК, спроведена во Германија, Австрија и во Швајцарија, 83 отсто од потрошувачите го менуваат своето пазарно однесување и ќе продолжат да го прават тоа на долг рок.

Како што се наведува во студијата на Гфк, корона-кризата дополнително го зајакна трендот за пониска лојалност кон брендот. Одлуката на потрошувачите кој бренд ќе го изберат сѐ повеќе се обликува од променетите вредности. Во фокусот се безбедноста и одржливоста, но и довербата, близината и регионалноста. Брендовите сè помалку служат како инструмент за самопрезентација. Еколошката свест и општествената одговорност на компаниите се тие што ја прават разликата во одлуката за купување.

Студијата на ГфК дава уште еден увид: напредната дигитализација бара целосно променет „пат до полицата“. Растојанието меѓу „прво видено“ и „веднаш купено“ станува пократок, а како резултат на тоа, компаниите веројатно ќе треба да ја преиспитаат својата комуникациска стратегија.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...