Регион

Манчмелоу, по Хрватска, повлечен и од српските маркети

09 окт 2023

По веста дека хрватскиот „Конзум“ го повлекува српскиот манчмелоу од продавниците, од „Јафа Црвенка“ информираат дека замената на производите е речиси целосно завршена и на полиците во Србија и регионот сега има производи во новото пакување „Sav od Igre“.

Како што се наведува понатаму, „Јафа Црвенка“ посветува сериозно внимание на контролата на квалитетот и безбедноста, а за да биде целосно сигурна во исправноста на производот, заедно со акредитираните лаборатории континуирано спроведува обемни дополнителни лабораториски испитувања, посочуваат оттаму.

Да потсетиме, „Конзум“ информираше дека од полиците на своите продавници ги повлекува производите Munchmallow family 210g и Munchmallow 105g. Известувањето се однесува на сите производи чиј рок на траење завршува на 15 февруари следната година. Производител е Јафа д.о.о. Црвенка, Маршала Тита 245, 25220 Црвенка, Република Србија.

Објаснија дека причина за повлекувањето се променетите својства на производот. „Конзум“ побара од потрошувачите да проверат дали го купиле споменатиот производ, односно да го донесат до најблиската продавница на „Конзум“ каде ќе им бидат вратени парите.

„Им се извинуваме на клиентите за непријатностите, но во наш интерес е сите производи што ги пласираме на пазарот да се усогласат со највисоките критериуми за квалитет и здравје“, заклучуваат оттаму.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...