Македонија

Нова тура државна помош за купување македонски производи

07 дек 2020

По 6.000 денари на сметка добиваат граѓаните со низок доход, пензионери кои имаат до 15.000 пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица од 16 до 29 години, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници. Парите ќе може да ги користат исклучиво за купување на македонски производи и услуги кај правни и физички лица кој претходно ќе ги избере Владата и истите ќе може да се користат до 25 декември.

Овој пат нема да се издаваат платежни картички, мерката ќе се реализира преку исплаќање на средства на постојната трансакциска сметка на граѓаните кои веќе поседуваат сметка во банка и дебитна картичка за користење на средствата од истата. За граѓаните кои немаат трансакциска сметка во банка, средствата ќе бидат исплатени на трансакциска сметка која ќе треба да ја отворат кај една од банките која склучила договор со Владата. Во овој случај банките ќе треба да издадат дебитна картичка од причина што финансискатa поддршка може да се користи исклучиво со употреба на дебитна платежна картичка.

Листата на оние кои спаѓаат во ранливите категории ќе се утврдат откако законот ќе се објави во Службен весник. Граѓаните не треба да аплицираат за да добијат парична помош – списокот се формира преку податоците од надлежните институции.

Парите нема да семее да се подигнуваат како готовина, со нив нема да може да се плаќаат производи и услуги на физички или на интернет, туку ќе може да се трошат во однапред утврдени дуќани кои продаваат домашни производи и услуги. Од тие дуќани ќе можат да купат со своја дебитна картичка на пос-терминал или онлајн. 

Помошта е слична како кога граѓани добиваа платежни картички и секој којшто мисли дека треба да добие треба да изврши проверка дали е на листата со внесување на својот матичен број на страницaта kupuvamdomasno.gov.mk. Сепак за разлика од тогаш, сега парите ќе може да ги користат исклучиво за купување на македонски производи и услуги кај правни и физички лица кој претходно ќе ги избере Владата и истите ќе може да се користат до 25 декември.

За оваа мерка државата ќе потроши 27 милиони евра, а финансиска помош од 6.000 денари за купување на македонски производи ќе добијат околу 283.000 граѓани.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...