Актуелно

Од 1 февруари „Вива фреш“ и официјално го презема „Кит - Го“

27 дек 2021

Од 1 февруари, косовскиот синџир маркети „Вива фреш“ и официјално ќе го преземе штипскиот синџир „Кит - Го“. Дел од вработените во „Кит - Го“ веќе почнале да потпишуваат договори за вработување со новиот сопственик, дознава InStore. 

Ребрендирањето нема да биде веднаш, туку ќе се случува во следните три години. 

Од двете компании не обелоденуваат повеќе детали за зделката, за која се шпекулираше веќе неколку месеци и чија вредност според неофицијални информации е над 50 милиони евра. 

“Вива фреш“ од 2003 година работи во Косово, каде е водечки синџир маркети, со околу 65 продавници во дваесетина градови. Првиот комплекс во Македонија го отвори во Скопје во август 2019 година и е комплекс со хипермаркет со површина од 5.000 квадратни метри, најголем во државата, повеќе партнерски дуќани кои продаваат бела техника, гардероба и козметика, како и посебен дел каде се служи храна. Беким Бекири, директор на „Вива фреш“ во Македонија тогаш најави дека планираат агресивно ширење, преку органски раст или преку аквизиција и со план за пет години да бидат  лидери во овој сектор во државата. „Кит - Го“, пак, е препознатлив бренд маркети со повеќе од две децениска работа во малопродажбата во Македонија, кој ги има и „Тера маркет“ и „Супер Кит - Го“ и вработува околу 750 работници.  

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...