Регион

Србија: Просечната нето плата изнесува 95.093 динари

26 Feb 2024

Просечната нето заработувачка во Србија во декември изнесувала 95.093 динари, додека бруто заработувачката изнесувала 130.405 динари, објавил републичкиот Завод за статистика.

Медијалната нето заработувачка во декември изнесувала 69.842 динари, што значи дека 50 отсто од вработените  оствариле приход до тој износ.

Просечната бруто заработувачка била номинално поголема за 13,1 отсто во однос на истиот месец 2022 година, а нето заработувачката за 12,9 отсто, додека реалниот раст на бруто заработувачката изнесувал 5,1 отсо, а нето 4,9 отсто.

 Растот на бруто и нето заработувачката за периодот јануари – декември 2023 година, во однос на истиот период лани, изнесувал 14,8 отсто, номинално , односно 2,4 отсто реално.

 Најголеми нето плати биле остварени во програмерските дејности, со просек од 293.604 динари, соопштил РЗС.

 Извор: biznis.rs

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...