„Ина“ ја отвори првата бензиска станица со новиот визуелен изглед, на автопатот Подравље ( Грушковље-Марибор)
Ова е првата од 27-те станици на „ОМВ“-Словенија кои беа предмет на заедничката аквизиција на „Ина“ и на „Мол“, за кои беше планирано реновирање за да добијат нов изглед.
Преуредувањето на сите продавници кои беа дел од аквизицијата се очекува да трае до април идната година.
Исто така, компанијата за идната година планира да го прошири концептот „Фреш корнер“ на поголем број на станици.
Со преземањето на „ОМВ“-Словенија заедно со „Мол“, „Ина“ го зголеми својот удел од 7,75 отсто, колку што го имаше во „ОМВ“-Словенија, на 33 отсто во новата заедничка компанија „Мол & Ина“ д.о.о., која управува со мрежа од 130 бензиски пумпи во Словенија.
„Мол & Ина“ д.о.о, со оваа аквизиција стана втора по големина нафтена компанија во Словенија, после „Петрол“.
Извор: Vecernji list
Фото: Ina
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.