Македонија

Atlantis на „Витаминка“ повторно е розов со цел зголемување на свесноста за рак на дојка

08 окт 2021

Чоколадните морски школки Atlantis добија розова едиција која е достапна во сите продажни објекти и дел од средствата на продадените количини ќе биде наменет за лицата со рак на дојка. На овој начин компанијата„ Витаминка“ повторно активно се вклучува во поддршката на активностите на здружението „Борка“ за зголемување на свеста за овој тип рак.

Atlantis по втор пат е обоен во розово со што продолжуваме да ја искажуваме нашата целосна поддршка за заложбите на здружението „Борка“ и помошта за лицата со рак на дојка. Подигањето на свеста за ова заболување е единствениот начин за борба против него и затоа целта на розовиот Atlantis е исто така и да потсети за зачестеноста на ова заболување и да упати на важноста од превенцијата, редовни прегледи и рано откривање на заболувањето, велат од „Витаминка“.

Од Здружението за борба против ракот „Борка – за секој нов ден“, велат во периодов е потребно на секаков начин да се зголеми свесноста за раната детекција.

Поддршката од „Витаминка“ и апелот преку розовиот Atlantis како потсетување за болеста, ни значи многу во овој период, затоа што претпазливоста во услови на пандемија го намали бројот на редовните прегледи и дијагностички посети, што е клучно во борбата против ракот на дојка. Жените ги занемарија редовните прегледи, што создава опасност од ненавремено дијагностицирање на болеста и откривање во доцен стадиум. Затоа и овој пат, заедно со „Витаминка“ апелираме на поголема свесност кај сите, не само пациентите, за редовни прегледи, навремени интервенции и рана детекција, истакна Биба Додева, претседателка на „Борка“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...