Маркетинг

САД: Нова кампања за Jameson (ВИДЕО)

15 Nov 2023

 Компанијата „Перно Рикар“ ја лансира новата кампања за нивниот бренд Jameson Irish Whiskey.

Во рамките на кампањата „ Must be a Jameson“, компанијата лансира две реклами, во кои наратор е ирскиот актер Килиан Марфи.

Во првата реклама, еден маж непријатните случки ги претвора во авантура која на крајот завршува така што тој ужива во коктел направен со Jameson, додека во втората реклама која ќе  биде лансирата , главен лик ќе биде една жена која ќе се најде во слични ситуации.

 Спотовите зад кои стои режисерот кој бил номиниран за Оскар, Брајан Бакли, го слават пријатниот вкус на вискито и широкиот број обожаватели на Jameson, соопштуваат од компанијата.

Jameson е сериозно виски кое самото себе не се сфаќа премногу сериозно, а оваа нова кампања е наш пристап кон поврзување на луѓето преку нивниот заеднички поглед на животот. Дали некогаш сте седеле во бар, гледате во странец и се прашувате дали со него сте биле пријатели во некој друг живот? Следниот пат кога ќе одите во бар, поздравете со со нив. На крајот на краиштата и тие би можеле да бидат Jameson, изјави Јохан Радојевски, потпретседатели за маркетинг за Jameson Irish Whiskey.

 Кампањата која воедно е и прва глобална кампања која Jameson ја работи со агенцијата „Огливи“, првобитно е лансирана на пазарот во САД, додека на другите пазари ќе биде лансирана во 2024 година.

 

         

 

 

Фото: Jameson



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...