Свет

(ВИДЕО) Како „Хајнекен“ слави 150 години постоење

13 јун 2023

Компанијата „Хајнекен“ слави 150 години од своето постоење. За да го одбележи јубилејот, ги „стави“ добрите моменти како центар на глобалните роденденски свечености. 

Во најновата кампања по тој повод, „Хајнекен“ шеговито се осврнува на сите погрешни начини на пишување на називот на брендот на кои наишла во своето 150 годишно работење, како што се Aineken i Haikenen - нагласувајќи дека сепак, на крајот од денот, најважно е потрошувачите да уживаат во добрите моменти. 

Приготвувањето „добри моменти“ е во нашето ДНК век ипол. Затоа ја развиваме метриката на нашиот бренд да покажеме дека создавањето „добро поминато време“ е еднакво важно како и пивото што го произведуваме, соопштија од „Хајнекен“. 

За дополнително да се пошегува, компанијата ќе го замени своето лого со бројни алтернативни начини на пишување на брендот какви што има забележано на своите профили на социјалните медиуми, како и на неколку електрични камиони од својата флота. 

Во рамки на прославата, пиварницата ќе лансира и ограничена серија лименки и шишиња пиво. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...