Регион

„Певец“ отвора ритеил парк во Вуковар

14 авг 2019

„Певец“, првиот хрватски трговски сиџир, најави дека ќе отвори современ ритеил парк во Вуковар. 

Тој ќе се простира на 2.200 квадратни метри, покрај новоизградениот продажен центар на истото место чија површина е 5.000 квадратни метри. Вредноста на инвестицијата е 45 милиони куни. 

Ритеил паркот заедно со нашиот продажен центар во Вуковар ќе ја прошири понудата за жителите на овој град и околината и ќе овозможи да се отворат нови работни места и да се подигне квалитетот на живот. Купувачите ќе можат да ги прават месечните набавки на едно место. Но, нема да застанеме тука. Планираме и изградба на деловен објект од неколку илјади квадратни метри со што ќе го заокружиме овој проект, изјави Јурица Ловринчевиќ, претседател на Управата на „Певец“.  

Покрај маркетот, комплексот ќе опфаќа бутици, локали, ресторани...

Освен ритеил паркот, „Певец“ до крајот на годинава планира да отвори и два нови продажни центри во Винковци и во Сплит. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...