Свет

Нови успеси на „Лидл“

08 авг 2019

Профитот на синџирот „Лидл“ минатата година се зголеми за 8,8 отсто, на 81,2 милијарда евра, соопшти неговата матична групација „Шварц“.

Порастот на продажбата на „Кауфланд“, дел од истата групација, беше помал. Тој изнесуваше 1,6 отсто и достигна до 22,6 милијарди евра.

Групацијата „Шварц“ управува со повеќе од 12.100 продавници во 30 земји. Минатата година беа отворени 400 нови продавници, од кои поголемиот дел под банерот „Лидл“. Лани групацијата влезе и во соседна Србија, каде што беа отворени 23 продавници „Лидл“. Во САД беа отворени 27 нови продавници, а во Италија 40.

Продажбата на „Лидл“ во Германија во 2018 година се зголемила за 5,9отсто на 22,7 милијарда евра. Надвор од Германија продажбата на ниво на групација се зголемила за 9,1отсто, на 67,3 милијарди евра.