Македонија

„Жито“ одбележува 35 години од основањето

31 окт 2023

Во изминатите три и пол децении трговскиот синџир „Жито“ успеа да изгради силна позиција на пазарот, како една од најуспешните компании. Денес компанијата има речиси 80 маркети низ поголемиот дел од државата и тим од над 900 вработени.

Имаме многу причини да бидеме горди на овој јубилеј. Со должна почит кон моите родители, кои ги поставија темелите, го продолжувам патот кон остварување на нашата заедничка визија, истакна Далибор Ѓошевски, сопственик на „Жито“, додавајќи дека изминатиот месец компанијата ја направи најголемата експанзија од постоењето со отворање на осум нови маркети во: Пробиштип, два во Штип, два во Кочани, Гевгелија, Струмица, Свети Николе со над 120 нови вработувања.

Сопственикот потенцира дека зад успешното 35-годишно функционирање на компанијата освен домаќинското работење, стои и професионалниот тим на вработени, од кои дел се во фирмата повеќе од 25 години. Ѓошевски со гордост најавува дека во наредните неколку години велешката компанија ќе го прошири синџирот маркети со нови 200 продавници.

„Жито“ е основан во 1988 година, како мала семејна фирма од Велес, една од првите приватни продавници. Оттогаш се отвораат и други објекти во Велес, а во 1998 година е отворен и првиот маркет во Скопје. Вистинската експанзија се случува од 2014 до 2016 година, кога се отвораат повеќе од 20 супермаркети низ различни општини во Македонија.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...