Македонија

Самсоненко купи 5.000 акции на „ЗК Пелагонија“ во „Жито Полог“

04 фев 2020

Рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко се стекна со 5.000 обични акции со право на глас издадени од „Жито Полог“ АД Тетово и сега поседува вкупно 8.650 обични акции со право на глас во тетовската компанија.

Тоа е 15,45 отсто од вкупниот број на издадени акции на друштвото.

Според известувањето на друштвото до Македонска берза, Самсоненко акциите ги купил од ЗК „Пелагонија“ АД – Битола, која по продажбата на 5.000 акции сега поседува вкупно 5047 обични акции со право на глас во „Жито Полог“, што претставува 9,01 отсто од вкупниот број на издадени акции на друштвото.

Покрај Самсоненко, во сопственичката структура на „Жито Полог“ се и Ненад Јосифовиќ (12,47), Златко Пирузе (11,46), компанијата „Благој Ѓорев“(8,93), „Софија градба“ (5,13), ТИМ ДОО (6,92). 

Извор: Фокус 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...