Македонија

Минималната потрошувачка кошничка во март достигна до 1.000 евра

21 мар 2024

 На едно четиричлено семејство во март годинава му се потребни речиси 1000 евра за покривање на основните месечни потреби. Според податоците на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), вредноста на минималната синдикална кошница за март изнесува 58 998 денари, односно за 1 522 денари повеќе од февруари.

Според ССМ, најголемо зголемување на цените има кај храната и пијалаците за кои  трошокот во март изнесува 22 681 денари, споредено со претходниот месец кога за нивна набавка биле потребни 21 219 денари. Од декември 2023 година до март 2024 г. само за храна и пијалаци, според ССМ, трошоците се зголемиле за 1 951 ден.

Вредноста на минималната синдикална кошница е во постојан пораст од почетокот на годината, поконкретно во март 2024 година, каде што зголемувањето е најизразено кај делот со храната и пијалаците, што е резултат дека трговците не го послушаа апелот на ССМ и неосновано само во интерес на зголемување на својот профит енормно ги зголемија цените на прехранбените производи што резултира со нефер практики на трговците, и доведува до осиромашување на работниците и граѓаните, а по прекинување на мерката на замрзнати цени, соопштуваат од ССМ.

 

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...