Маркетинг

Србија: Капетанот Плазмиќ нов член на екипажот на „Ер Србија“

27 фев 2024

Компанијата „Бамби“ и „Ер Србија“ го претставија посебното пакување на Plazma, со новиот лик, капетанот Плазмиќ.

 Отсега на летовите со „Ер Србије“ нов член на екипажот е капетанот Плазмиќ, стои во објавата на профилот на „Линкедин“ на „Ер Србија“.

 Како дел од соработката меѓу двете компании, сите патници во текот на летовите во економската класа, кои траат до два или два и пол часа, ќе добијат Plazma mini mini,  во специјалното дизајнирано пакување со ликот на капетанот.

 Горди сме на соработката и сигурно сме дека Plazma Mini Mini, ќе биде совршен сопатник на секое патување, стои во објавата на компанијата на „Линкедин“.

 Неодамна, компанијата го лансира посебното пакување на Plazma  со дополнителни 50г. Производ. Специјалното издание на Plazma е достапно во ограничени количини во продавниците ширум Србија.

 Фото: „Бамби“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...