Свет

Трендови што ја менуваат иднината на дистрибуцијата

03 авг 2022

Постојат природно главни теми кои се провлекуваат низ сите овие трендови - планирање, иновации, флексибилност, видливост. Иако овие идеи се на пазарот долго време, сега се поважни за дистрибутерите од кога било

Подготви: Редакција на магазинот InStore

Една позната поговорка вели: За да го знаеш патот пред тебе, прашај ги оние што се враќаат. Во текот на изминатата година индустриските експерти и аналитичари пишуваа за трендовите што влијаат врз работата на дистрибутерите во светот кој постојано се менува.

Овие трендови ја менуваат иднината на дистрибуцијата и ги поттикнуваат компаниите сериозно да размислат за нивниот начин на водење бизнис во наредните години. Во 2022 година треба да посветите повеќе внимание на следниве неколку трендови:

Е-трговија – спасот е онлајн

Настаните во изминатите две години истакнаа еден важен тренд - дистрибутерите мора да им го обезбедат најсовременото онлајн потрошувачко искуство на своите клиенти за да останат конкурентни на пазарот и да се борат со глобалните компании, како што е „Амазон“. Многу компании се присутни на интернет, но потрошувачите сакаат повеќе производи и персонализирани услуги што е можно поскоро. Индустријата е на крстопат и дистрибутерите треба да растат.

Значи, кој е првиот чекор во таа насока? Иако долгорочната цел е да останат конкурентни на пазарот, дистрибутерите треба да ја искористат уникатната вредност што ја нудат нивните производи, особено кога станува збор за долгорочни клиенти. Една од идеите за привлекување нови е проширување на палетата производи.

Сепак, постојат и други начини на кои компаниите можат да останат важни играчи во областа на е-трговијата. Потрошувачите бараат персонализирани производи, како во нивното секојдневно купување. Ако компаниите знаат како да ги користат податоците што ги имаат за резервите, промоциите и продажбите, тие можат да ги обезбедат.

Сите зборуваат за синџири на снабдување

Сегашната ситуација, во која се наоѓа светот во последните две години, доведе до тоа голем број луѓе да бидат свесни и да забележат нарушувања и кризи во синџирите на снабдување. Иако никогаш не работеле во оваа индустрија, и иако веројатно никогаш досега, до оваа година не го користеле терминот „синџири на снабдување“, што значи дека вестите за ова стигнуваат до луѓе надвор од оваа област. Најпознати со ситуацијата, сепак, се дистрибутерите, кои отсекогаш биле одговорни за снабдување на луѓето со производи и услуги.

Иако прекините во синџирот на снабдување не се ништо ново, треба да се најдат нови решенија, како што е користење паметни податоци за да се спречат идни проблеми.

Пандемијата, исто така, докажа дека на дистрибутерите им треба поголема флексибилност и видливост. Соработката меѓу синџирите на снабдување е еден од начините за ублажување на ризиците и решавање на непредвидените предизвици. Давањето поголема транспарентност на доставувачите може да доведе до тоа поединечни синџири да почнат да работат заедно.

Ваквата соработка е само еден од чекорите во целокупната трансформација на логистичките процеси на дистрибутерите. За да се натпреваруваат на глобалниот пазар, компаниите треба да бидат иновативни, како и подобро да планираат, набавуваат, складираат и да испорачуваат стоки.

Одржливост за иднината

Во минатото не сме слушале многу за одржливоста од дистрибутерите. За овие компании, со традиционално ниски маржи, трошоците за „зелениот“ бизнис изгледаат превисоки. Но, оваа тема во последно време станува сè поактуелна поради новото значење што ѝ го придаваат дистрибутерите.

Одржливи цели на дистрибутерите во здравствениот сектор, на пример, може да бидат намалување на токсичниот отпад или интегритетот на производот. Од друга страна, дистрибутерите на храна би можеле да се фокусираат на зелена логистика, нула емисии и намалување на сопствениот јаглерод.

Една од компаниите што се сериозни во врска со одржливоста е „БејВа“, која е рангирана во првите 50 лидери за животната средина и климата на глобално ниво. „БејВа“ им помага на земјоделците да го зголемат профитот и работи на создавање нови, поодржливи начини за одгледување храна користејќи обновливи извори на енергија и модерни технологии.

Иако прекините во синџирот на снабдување не се ништо ново, треба да се најдат нови решенија, како што е користење паметни податоци за да се спречат идни проблеми.

Иднината пристигна

Постојат природно главни теми кои се провлекуваат низ сите овие трендови - планирање, иновации, флексибилност, видливост. Иако овие идеи се на пазарот долго време, сега се поважни за дистрибутерите од кога било. Индустријата и светот ќе продолжат да се менуваат и дистрибутерите мора да бидат подготвени за што и да носи иднината.

Претстојни трендови во дистрибуцијата за 2022 година и пошироко

● Нова реалност - По префрлувањето и навикнувањето на далечина и видеоконференции, нереално е да се очекува дека вработените ќе сакаат да се вратат на стариот („нормален“) режим на работа, т.е. да работат во канцеларија и со полно работно време.

● Од физичка кон виртуелна - И покрај оваа нова реалност, интеракцијата помеѓу дистрибутерите и потрошувачите останува клучна. Сепак, она што ќе се промени е каналот за комуникација, со сè поголемо преминување кон виртуелна комуникација.

● Вештачка интелигенција - Дистрибутерите сè повеќе ќе се потпираат на вештачката интелигенција во наредниот период. Технологиите им овозможуваат на дистрибутерите полесно да ги идентификуваат потрошувачките навики на нивните клиенти, да им понудат на клиентите подобри препораки од кои можат да имаат повеќе корист, како и да ја намалат загубата на резерви, да го оптимизираат нивниот систем за складирање и да го подобрат управувањето со синџирот на снабдување.

● Глобални последици - Пандемијата ни докажа дека настаните од едниот крај на светот можат да влијаат врз луѓето и компаниите во кој било дел од светот.

● Големата пресвртница - Повеќе не живееме во „нова реалност“, туку во „голема пресвртница“. Повеќето компании и дистрибутери сфатија колку промени направи пандемијата на ковид-19 и уште колку нови промени ќе им донесе на луѓето и бизнисите во иднина.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...