Свет

Двa трговски синџира го напуштаат „Ејџкор“

07 мај 2021

Германски „Едека“ и француски „Интермарше“ потврдија дека излегуваат од меѓународниот сојуз „Ејџкор“, во кој членуваат и белгиски „Колрајт“, швајцарски „Кооп“, италијански „Конад“ и шпански „Ероски“.

Една од причините за повлекувањето на „Едека“ е што трговецот не е задоволен од фактот што иако сочинува 40% од вкупната продажба во сојузот, сите шест членки имаат еднаков глас. „Едека“ стана дел од „Еверест“, неодамна формиран сојуз за набавки, во кој членува и холандскиот е-трговец „Пикник“. Во „Еверест“, на чие чело е поранешниот лидер на „Ејџкор“, Џанлуиџи Ферари, „Едека“ има одлучувачки глас, а „Пикник“ е само малцински партнер.

Во Франција, „Интермарше“ е обвинет за злоупотреба на моќ преку своите меѓународни центри за набавки од страна на Министерството за економија и се соочува со големи казни. Трговецот штотуку потпиша нов сојуз со „Казино“.

Иднината на „Ејџкор“, кој имаше комбиниран промет од речиси 170 милијарди евра, останува неизвесна.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...