Компанијата „Ахолд Делез“ соопшти дека ја заврши аквизицијата на романскиот трговски синџинир „Профи рум фуд СРЛ“, која е во вредност од 1,3 милијарди евра.
Ова е навистина важен момент, бидејќи можеме да му посакаме добредојде на „Профи“ во нашето семејство на брендови. Задоволни сме што ја завршивме оваа трансакција, што претставува значаен чекор во зајакнувањето на нашето присуство во регионот. Аквизицијата на „Профи“ ја потврдува нашата посветеност да обезбедиме широк и разновиден опсег на висококвалитетни производи и услуги за потрошувачите во Романија. Со нетрпение очекуваме да создадеме долгорочна вредност за нашите купувачи, колеги, партнери и сите засегнати страни, изјави Франс Мулер, претседател и извршен директор на „Ахолд Делез“.
Потрошувачите во Романија ја ценат мрежата на продавници, квалитетот на асортиманот и искуството за купување што го обезбедуваме. Ова не е случајност, туку резултат на инспирирана и напорна работа, како и визијата на целиот тим на „Профи“. Оваа аквизиција му овозможува на „Профи“ да стане дел од „Ахолд Делез“, еден од најголемите малопродажни трговски синџири со храна, изјави Гаетан Пактон, извршен директор на „Профи“
„Профи“ е водечки традиционален малопродажен синџир во Романија, со 1.751 продавница во земјата. Во дванаесетмесечниот период кој завршува во јуни 2024 година, компанијата оствари приход од 2,7 милијарди евра.
„Ахолд Делез“ соопшти дека оваа аквизиција ќе го зголеми постојното деловно портфолио на компанијата во Романија, кое вклучува 977 продавници „Мега имиџ“, главно во урбаните средини, додавајќи дека „силното вклопување во форматот“ и комплементарните понуди на брендовите на „Профи“ и „Мега Имиџ“ ќе овозможат компанијата подобро да ги задоволи потребите на романските потрошувачи, со што ќе се постигне раст на продажбата и профитабилноста.
Компанијата очекува „Профи“ да придонесе за вкупните финансиски резултати на групацијата со околу 3 милијарди евра нето-продажби во 2025 година.
Извор: InStore.rs
Фото: „Профи ром фуд“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.