Маркетите „ДТЛ Персу“ ја започнаа 2025 година покажувајќи благодарност и грижа за своите соседи. Имено, за да им го олеснат празничното купување на највозрасните сограѓани, „ДТЛ Персу“ маркетите ги поместија деновите на пензионерски попусти на 5 и 6 јануари.
Повозрасните граѓани ќе можеа да добијат попуст од 15% за сите набавки на 5-ти и 6-ти јануари во сите „ДТЛ Персу“ маркети, со приложениот пензиски чек или „ПИО фонд“ картичка. Од месец февруари попустот вообичаено ќе биде на 10-ти и 11-ти секој месец.
Пензионерите се темел на нашите заедници и важен дел од секојдневниот живот. Нивната доверба и лојалност кон нашите услуги не инспирира да продолжиме да обезбедуваме погодности што го олеснуваат секојдневното купување. Овој попуст е наш мал знак на внимание кон сите пензионери кои беа со нас низ годините и кои ја прават нашата заедница посилна. Ги покануваме сите наши пензионери да ја искористат оваа можност и да уживаат во поповолен шопинг. Вашата лојалност значи многу и со нетрпение очекуваме да продолжите да купувате кај нас во 2025 година, соопштуваат од компанијата.
Извор: InStore.rs
Фото: „ДТЛ Персу“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.