Синдикалната потрошувачка кошничка во Црна Гора во третиот квартал од 2024 година изнесува 2.000 евра, објави Центарот за образование, информирање и синдикално истражување.
Во однос на претходниот квартал, односно вториот квартал од 2024 година, синдикалната потрошувачка кошничка е зголемена за 130 евра, односно 6,95%.
Од вкупно десет категории на расходи кои се дефинирани со Методологијата за креирање на синдикалната потрошувачка кошница, во третиот квартал раст е забележан во пет категории: трошоци за прехранбени производи (3,42%), трошоци за закупнина (11,43%), трошоците за домување и комуналии (6,67%), трошоци за образование и култура (30,00%) и трошоци за летување (25,00%).
За пресметување на трошоците за прехранбени производи, кои во третиот квартал изнесувале 605 евра, Центарот користел цени од трите најголеми трговски синџири во Црна Гора за 132 прехранбени производи. Утврдената сума ги претставува трошоците потребни за задоволување на потребите за храна и пијалоци на едно четиричлено семејство, земајќи го предвид адекватниот внес на калории за сите четири членови на домаќинството (2.670 kcal по член на домаќинство).
Како што се наведува во извештајот на Центарот, на растот на овие трошоци влијаело прекинувањето на акцијата за ограничување на маржите што ја спроведе Владата на Црна Гора во текот на април и мај. Оваа акција ги ограничи цените на 43 производи, односно на околу 500 артикли, од кои нешто повеќе од 3/4 беа дел од синдикалната потрошувачка кошница за вториот квартал од 2024 година.
Извор: Instore
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.