Регион

Словенија: „Лидл“ ја започнува 11.сезона на проектот „Храната не е за фрлање“

29 Nov 2024

 „Лидл“ – Словенија во соработка со Екоучилиште, ја започна 11.сезона на проектот „Храната не е за фрлање“, која има за цел да ја подигне свеста кај младите за проблемот со фрлањето на храна.

 Секоја година, проектот обединува илјадници деца и ментори од словенечките градинки, основни и средни училишта, кои помагаат да се намали количината на потрошена храна преку различни активности на училиште и дома.

Секогаш сме воодушевени од посветеноста и ентузијазмот со кој децата и менторите од институциите учеснички влегуваат во проектот „Храната не е за отпад“. Во исто време, одличниот одзив покажува дека проблемот со фрлањето храна е близок до младите, кои се креатори на позитивни промени и ги пренесуваат практиките на свесна исхрана од училиштата и градинките во домашната средина и на тој начин полека, но стабилно создаваат промени во општеството, изјави Метка Шилар Штурм, менаџер за корпоративни работи во „Лидл“ - Словенија.

Годинава во проектот се вклучија десет пати повеќе училишта отколку пред единаесет години, поточно 302 образовни институции од цела Словенија.

 Како дел од овогодинешната програма, децата ќе имаат можност да учествуваат во активности како што се мерење на отпадот од храна и измислување начини за намалување на отпадот од храна, како и одржливо готвење, во кое ќе можат да прават јадења од рециклирана храна што инаку би завршиле во отпад додека најдобрите рецепти ќе бидат објавени во посебна книга.

Меѓу другото, учесниците ќе се обидат да ги надминат минатогодишните резултати, кога институциите-учеснички ја намалија количината на потрошена храна во просек за 32%, некои дури и за повеќе од 90%.

Новина на 11-та сезона е и соработката со Министерството за животна средина, клима и енергетика, кое ќе организира посебен натпревар за ученици од 2 и 3 одделенија од основно училиште, на кој најдобрите ученици ќе добијат награди.

 Многу сме горди што заедно со „Лидл“ веќе една деценија градиме заедница која се занимава со храна, која преку активно учество во проектот ја покажува својата посветеност на одржливоста, изјави Грегор Церар, национален координатор на програмата Екоучилиште.

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Лидл“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...