Регион

Хрватска: „Подравка“ продолжува со реализација на Стратегијата за одржливо работење

17 Nov 2023

„Подравка“ во рамките на својата Стратегија за одржливо работење, потпиша договор со „Хрватски шуми“, за санација и обнова на шумите.

По тој повод се засадени првите дабови садници на локацијата „Месарица-Плаво“, на чие засадување присуствуваа претседателите и членовите  на Управните одбори  на „Подравка“ и на „Хрватски шуми“.

Во заедничкиот проект со „Хрватски шуми“  ќе ја осигураме санацијата и пошумувањето на подрачјата што се под нивна надлежност. Во склоп на нашата Стратегија за одржливо работење, на овој начин ќе придонесеме за чиста околина и биодиверзитетот, како и посветено ќе работиме на намалување на јаглеродниот отпечаток, што се наши цели кои ги поставивме пред нас, имајќи ја во предвид нашата улога како значаен фактор во хрватската економија, изјави Мартина Далиќ, претседателка на Управата на „Подравка“.

Наша должност и мисија е да оставиме квалитетни и здрави шуми  на  генерациите после нас. Шумите се наш најдобар сојузник во ублажувањето на ефектите од климатските промени, а придобивките од дрвјата се немерливи, од производство на кислород, складирање на јаглерод, филтрирање прашина и смог во воздухот, како и вода во почвата, ублажување температурни екстреми .. списокот е бескраен. И затоа денес сме ѝ благодарни на „Подравка“ што се занимава со општествено одговорни активности и секогаш ќе бидеме среќни да прифатиме вакви иницијативи за да помогнеме во санацијата и обновувањето на шумите, бидејќи, како што вели поговорката, најдобро време за садење дрво беше пред дваесет години, а следното најдобро време е денес, изјави Недиљко Дујиќ, претседател на Управниот одбор на „Хрватски шуми“д.о.о.

Заедничкиот проект за пошумување ќе се врши на две локации: кај Копривница (Сколовац) и кај Делница (Врбовско). Садењето на 4000 дабови садници во Соколовац и 10.000 букови садници во Врбовско ќе придонесе во остварувањето на една од специфичните стратегии на „Подравка“, а тоа е до 2030 година да се засадат 100.000 стебла.

Во овој проект, „Подравка“ ќе инвестира над 33.000 евра, додаваат од компанијата.

 

Извор: Poslovni FM

Фото: Podravka



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...