Регион

Grand кафе во акција „Не гледај во филџанот, прегледај се!“

27 мар 2023

Со желба да ја промени негативната статистика во Србија која покажува дека секоја година дури по 4.000 жени заболуваат од рак на дојка, а по 1.600 го губат животот, кафето Grand заедно со партнерите ја продолжува борбата против најчестиот малиген тумор кај жените. 

Grand кафе ги повика дамите месецот март да си го посветат себе си - и да се прегледаат, бидејќи болеста откриена во рана фаза е излечива.

Благодарение на акцијата „Ајде да имаме време за преглед“ во минатата 2022 година, на мобилен мамограф беа прегледани повеќе од 13.000 жени во пет градови во Србија. Големиот одзив на жените и пополнетите термини за прегледи во сите градови потврдуваат дека има потреба да продолжи оваа акција, соопштија од компанијата. 

Прегледот е наменет за сите жени над 45 години, како и за жените до 40 години кои во семејството имаат заболен или лекуван член од канцер на дојка (мајка, баба, сестра....). 

tags:


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...