Регион

„Лидл“ - Србија поддржува одговорна исхрана

02 фев 2023

Компанијата „Лидл“ - Србија донесе одлука да го фокусира својот бизнис на поддршка и промовирање на принципите на одговорна исхрана, што ќе обезбеди позитивно влијание врз општото здравје на луѓето и на нашата планета.

„Лидл“ ќе работи на три полиња: ќе обезбеди поширок спектар на поздрава храна, како и понуда на одржливи производи и преку транспарентна комуникација ќе им обезбеди поддршка на потрошувачите на патот кон подобар животен стил. Ова значи повеќе здрави производи од растително потекло, храна со помалку шеќер и сол, како и поголема понуда на одржливи производи, како што се храната базирана на растителни протеини, вегански производи и органски одгледано овошје и зеленчук...

Дополнително, во согласност со препораката на Светската здравствена организација (СЗО), во 2023 година компанијата „Лидл“ постепено ќе го укинува рекламирањето на производи наменети за деца што содржат повеќе заситени масти, шеќер или сол.

Со цел да ги поддржи своите потрошувачи на патот кон одговорната исхрана, „Лидл“  започна кампања за означување на дел од асортиманот со ознаката Nutri Score, која ќе биде видлива на производите.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...