Регион

Петар Ќорлука купи австриска компанија

01 фев 2023

Петар Ќорлука, сопственик на фабриката за тоалетна хартија и хигиенски производи „Виолета“ купи австриска компанија која има повеќе од 100 години традиција во производство на медени колачиња, па сега производството го сели во Херцеговина. 

Станува збор за компанијата „Шмид маисау“, позната како специјалист за изработка на медени колачиња на највисоко ниво. Инаку, Ќорлука минатата година ја презеде и фабриката „Ласта“ во Чапљина, БиХ, па сега ќе ја прошири понудата и со производство на австриски медени колачи. 

Искуствата и начините на производство од Австрија во „Ласта“ ќе ги пренесе технолог кој долги години работи во производството на познатите медени колачиња. На основа на искуството и истражувањата за потребите на пазарот, „Ласта“ ќе работи на нов вид кекс и ќе го извезува на западниот пазар, соопштија од „Ласта“. 

Ќорлука одлучи својот бизнис да го прошири и во туризмот, па вложи средства во реконструкција на хотелот „Хрватска“ на Макарска ривиера, кој се смета за еден од најлуксузните комплекси во тој регион. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...