Регион

„Лидл“ двојно го зголеми капиталот во БиХ

09 дек 2022

„Лидл“ Босна и Херцеговија го зголеми својот капитал на 51,1 милион евра, што е двојно повеќе во споредба со претходната состојба, известија од компанијата. Целиот капитал на трговецот во БиХ е во пари. 

Порастот на капиталот укажува на сериозните намери на германскиот инвеститор во БиХ и покрај тоа што изградбата на објектите напредува побавно од очекуваното.

Засега се гради само еден објект, во Бјелина. Со месеци се зборува дека компанијата гради дистрибутивен центар на подрачјето на општина Кисељак, но официјална потврда за оваа информација нема.

Како што сега стојат работите, тешко е да се очекува отворање на мрежа на објекти во Босна и Херцеговина пред 2024 година.

Претходно, планот беше да се отворат продавниците годинава.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...