Регион

„Лидл“ преку рециклажа ѝ помага на фондацијата „Биди хуман“

27 сеп 2022

„Лидл“ - Србија покрена нов еколошко - хуманитарен проект „Доброто со рециклажа се враќа“ што им овозможува на потрошувачите со враќање за рециклажа на пластична и алуминиумска амбалажа во апарати поставени во три продавници на „Лидл“ да донираат ссредства за фондацијата „Биди хуман“ која поддржува лекување на болни луѓе. 

За секоја вратена амбалажа во апаратите, компанијата ѝ донира по пет динари на Фондацијата. 

Два апарати се поставени во продавниците на „Лидл“ во Нови Сад, а третиот е во продавницата во Ниш. Овие апарати прифаќаат амбалажа исклучиво од производите купени во „Лидл“, што системот ги регистрира со помош на бар - код.   

На овој начин сакаме да ги мотивираме граѓаните активно да се вклучат во еколошките иницијативи, со оглед на тоа дека со рециклирањето ги чуваме ресурсите, енергијата, нашата планета....Системот на враќање на амбалажата во „Лидл“ е едноставен, па потрошувачите при секое купување можат од нешто што ќе биде отпад, да направите добро дело за природата и за заедницата, соопштија од „Лидл“ - Србија. 

Хуманитарната организација „Биди хуман“ преку својата интернет страница www.budihuman.rs им помага на корисниците на едноставен начин да дојдат до потребните средства за лекување преку уплати со помош на СМС пораки. 

 

 

tags:


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...