Регион

„НИС“ донираше вода во болницата во Батајница

27 сеп 2022

Компанијата „НИС“ продолжи да ги поддржува здравствените установи во Србија во кои се лекуваат пациенти заболени од Ковид - 19. „НИС“ достави 10.000 литри флаширана вода за пиење Jazak во ковид - болницата во Батајница, која работи во состав на Универзитетскиот клинички центар - Србија. 

Во 2020 и 2021 година, компанијата на здравствените установи им подари повеќе од 111.000 литри вода во вредност од седум милиони динари. Вода за пиење Jazak добија и Клинички центар - Војводина, Универзитетски клинички центар - Ниш и ковид - болницата во Крушевац, пациентите на Институтот за онкологија и радиологија во Белград, како и други здравствени установи ширум Србија. 

Вадим Смирнов, заменик-генерален директор на „НИС“, изјави дека вложувањето во здравството е едно од стратешките определби на компанијата. 

Во изминатите години видовме колку е важно да се има цврст, ефикасен и стабилен здравствен систем. Во „НИС“ одамна препознаваме колку силниот сдравствен систем е важен за нашите граѓани. Поради тоа, во поддршка на здравството досега вложивме 240 милиони динари (120 милиони денари). И ние сме граѓани, и ние сме корисници и ние доаѓаме во овие установи. Затоа „НИС“ ги насочува своите донации не само системски во Белград, туки и во Крушевац, Нови Сад, Зрењанин...Сакаме да бидеме пример и за другите компании да се приклучат кон истата цел. И тоа останува наша стратешка определба, изјави Смирнов.  

 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...