Регион

„Књаз Милош“ го проширува асортиманот и го модернизира производството

19 сеп 2022

 

Компанијата „Књаз Милош“ поднесе барање за студија за процена на влијанието врз животната средина за проект за нова изградба, доградба и реконструкција на комплексот објекти за производство и складирање, прва фаза, поради планот за проширување на асортиманот и модернизација на производните линии.  

Во согласност со планот, „Књаз Милош“ планира изградба на нов објект во кој ќе се формираат четири наменски целини за производство и складирање. Според проектно - техничката документација, се планира и доградба и реконструкција на два постоечки објекти. Предвидените активности ќе се изведуваат на парцела со површина од 88.857 квадратни метри која е во сопственост на компанијата.

Во рамки на новиот објект за производство на безалкохолни пијалаци и флаширање минерална вода, планирано е формирање на следниве целини:

-хала за производство, 3304,6 м2

-магацин за репроматеријали, 2007, 7 м2

-ладилник, 275,19 м2

-сирупана, 672 м2

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...