Регион

Хрватска спречи увоз на сливи од Македонија

15 сеп 2022

Хрватска спречи увоз на сливи од Македонија затоа што содржеле пестициди. 

Поради присутност на забранет пестицид посебно штетен за здравјето на децата, спречен е увоз на овошје од Северна Македонија. Во свежи сливи е утврдено присуство на инсектицидот клорпирифос. Во ЕУ веќе три години се забранети активните состојки  клорпирифос и  клорпирифос - метил. Сепак, во многу земји надвор од ЕУ тој многу делотворен инсектицид и натаму се користи, пренесоа хрватските медиуми. 

Пестицидот се поврзува со нарушување во развојот на мозокот, поради можно невротоксично влијание. 

Од европскиот систем за брзо предупредување во трговијата со храна известиле дека свежите македонски сили ќе му бидат вратени на испраќачот од хрвтаската граница или ќе бидат нештетно уништени. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...