Регион

Намалено производството на млеко во Црна Гора

13 сеп 2022

Производството на млеко во Црна Гора е намалено во споредба со минатата година, првенствено поради порастот на сите трошоци. Поради тоа сите фармери работат со загуби, а некои мали фирми, особено на север на земјата, и се затворија. 

Ситуацијата би требало да се подобри со увоз на 850 јуници, планиран за до крај на годинава. 

Имаме малку дневна количина млеко, повеќе увезуваме млеко во прав и преработки. Сирово млако практично и немаме. И откупот на млеко е помал од минатата година, проблемите се големи. Пазарот не може да го издржи овој притисок и производителите веќе две години работат со загуби, изјави Владо Лакиќ од Здружението на сточари. 

Тој вели дека не е проблем исплатата на субвенциите, туку тоа што тие веќе не се доволни за да се работи рентабилно. 

Околу 30 млекарници во Црна Гора откупуваат околу 26 милиони литри млеко - од нив, 3,5 милиони литри го пласираат на пазарот како конзумно млеко. Останатото се користи за производство на преработки од млеко. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...