Регион

„Туш“ нема да ги промени цените на основните прехранбени производи

29 јул 2022

Словенечкиот трговски синџир „Туш“ објави дека нема да ги менува цените основните прехранбени производи до крајот на септември и покрај сите прогнози за поскапувања на пазарот.

Асортиманот на производи ги вклучува најчестите прехранбени производи и производи за лична хигиена, кои се на удар на други трговци на мало кога станува збор за поскапувања.

Постојано преговараме со доставувачите и се обидуваме да го менаџираме најавеното поскапување, бидејќи сме свесни како тоа влијае на семејниот буџет на нашите потрошувачи. Оттука, одлуката за замрзнување на редовните цени на основните производи е наш придонес за ублажување на ефектите од поскапувањата во Словенија, нагласува „Туш“.

Од компанијата истакнуваат дека и покрај различните акции и промоции се обидуваат да ги ублажат светските поскапувања, кои се преселија и во Словенија.

При купувањето на 11 производи од нашиот основен асортиман со производи чии цени нема да се променат, „Туш“ на потрошувачите ќе им подарува и одредени производи, додаваат од компанијата.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...