Регион

„Студенац“ го презеде „Дуравит“

31 мај 2022

Со преземањето на продавниците на малопродажниот синџир „Дуравит“, „Студенац“ ја зајакна својата пазарна позиција во Пула и околината и во моментов има 50 продавници во таа област.

„Студенац“, еден од водечките малопродажни синџири во Хрватска, воедно и синџир со најголем број продавници, го презеде локалниот малопродажен синџир „Дуравит“, кој работи во 13 малопродажни продавници во Пула и околината и вработува над 40 работници. Исто така, синџирот може да се пофали со традиција од речиси триесет години.

Со преземањето на „Дуравит“, набргу по преземањето на малопродажниот синџир „Кордун“ во Карловац, „Студенац“ продолжи да ја шири својата продажна мрежа. Со овој потег тој дополнително ја потврди својата позиција како синџир со најголем број продавници во Хрватска - повеќе од 750 во девет жупании и Загреб.

„Студенац“ продолжува со својата деловна стратегија за пораст и развој, а со преземањето на трговскиот синџир „Дуравит“ ја зацврстивме нашата позиција во Пула и околината, достигнувајќи до педесет продавници. Сигурен сум дека во овој случај ќе бидеме препознаени како вистински трговски сосед во Истра бидејќи нашата силна локална интеграција ни дава можност да ја максимираме нашата понуда за потребите на одделните заедници. Со постепеното подобрување на сите деловни аспекти ќе ја задржиме вредноста што синџирот ја претставува за своите клиенти и вработени, рече Михал Сенчук, извршен директор на „Студенац“.

Исто како и во претходните аквизиции, ќе следува интеграција на нови продавници, обнова на објектите на „Студенац“, збогатување на асортиманот и воведување многу други поволности за потрошувачите.

„Студенац“ сега има повеќе од 750 продавници и повеќе од 4.000 вработени.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...