Регион

Хрватска: „Натура бееф“ ќе го удвои производството на еко - месо

18 мај 2022

Компанијата „Натура бееф“, која се занимава со еколошко сточарство и производство на еко - месо, во следните три години ќе го удвои производството, односно ќе отвори уште едно до две продажни места, најавија од компанијата по повод 15 годишнината од нивната работа. 

Ќе се отвори уште една месарница во Загреб, додека другото продажно место би било некаде на јадранскиот брег. 

„Натура бееф“ е единствен хрватски еколошки производител на месо кој го има затворено целокупниот циклус, од репродукција до сопствено одгледувалиште, кланици, превоз, разладувачи и малопродажба во Загреб и во Љубљана. Сега произведува околу 50 тони месо годишно, од кои едната половина е телешко, а другата е говедско месо. Дневно во Загреб пласира по околу 450 килограми јунешко и околу 300 килограми телешко месо. На фармата има 580 говеда од сите категории. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...