Регион

„Карлсберг“ отвора нова линија за полнење лименки

13 мај 2022

Линијата во која се инвестирани речиси 3,5 милиони евра отвори десетици нови работни места, а ќе овозможи и проширување на извозот на Somersby.

„Карлсберг“ – Хрватска официјално отвори модерна линија за полнење лименки во фабриката во Копривница.

Воведувањето на новата линија, во која се инвестирани речиси 3,5 милиони евра, освен што ќе отвори нови работни места, ќе го зголеми обемот на производството за околу 46%.

Линијата ќе овозможи и проширување на извозот на Somersby, популарен сајдер кој веќе се извезува во повеќе од 20 земји.

Хрватска е важен пазар за групацијата „Карлсберг“, што го покажува оваа вредна инвестиција, која е од големо значење за Хрватска и за извозните пазари. Групацијата континуирано инвестира во Хрватска и веруваме дека има уште многу можности за пораст и развој на овој пазар, изјави Ларс Леман, извршен потпретседател на групацијата „Карлсберг“ за Централна и Источна Европа.

Покрај постојните линии за полнење стаклени и ПЕТ шишиња, како и буриња, додавањето на линија за полнење лименки и овозможува на „Карлсберг“ - Хрватска значително да ги задоволи потребите на потрошувачите за локално произведено пиво и сајдер.

Воведувањето на нова линија на лименки е директен одговор на трендовите на потрошувачите кои покажуваат како лименките се пакување кое се повеќе се бара на пазарот и бележи континуиран пораст. Редовно ги следиме навиките на нашите потрошувачи и затоа веруваме дека новата линија на лименки дава можност за проширување и на домашниот бизнис и на извозот, изјави Марцин Бурдах, претседател на Управата на „Карлсберг“ - Хрватска, додавајќи дека на новата линија на лименки ќе се полни и пивото Pan.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...