Вчерашниот маркетинг самит во Србија во организација на „ИнСторе Медиа“ ги исполни очекувањата - повеќе од 350 учесници во хотелот „Хајат“ во Белград имаа можност да се запознаат со најновите трендови, примери од деловната пракса и насоки за тоа како да постигнат ефикасност во маркетингот. Се дискутираше и за новите маркетиншки пристапи во Србија, во регионот и во светот.
Конференцијата ја отвори Александра Секулиќ од „Директ медиа јунајтед солушионс“ која во својата презентација се осврна на Србија и регионот: маркетиншкиот пејсаж од 2021 година, но и предвидувањата за 2022. По воведната презентација, на присутните им се обрати предавачаот од Варшава, Томаж Стец, партнер во компанијата „Симон-Кушер & Партнерс“.
Вториот дел од конференцијата го одбележаа интересни теми за ефикасност во маркетингот. Иван Живковиќ, директор во компанијата „Пионири комуникејшнс“ во својата презентација зборуваше за тоа дали на брендот му е потребен инфлуенсер. Доколку сте се прашале зошто Јутјуб можеби (не) е добра платформа за вашиот бренд, Александар Ашковиќ, „волшебник“ за оптимизација и маркетинг на Јутјуб, понуди одговори и на ова прашање.
По паузата за ручек, учесниците имаа можност да ги чијат Ксенија Албуновиќ, директорка на компанијата „Сунцокрет гранум“, но и нејзиниот татко, еден од основачите на компанијата, кои зборуваа на тема „Како да се направи бренд со идентитет?“. Големо внимание привлече и панел дискусијата во која учествуваа модераторката Оливера Папестијевиќ, експерт за маркетинг и комуникации, како и Катарина Шибалиќ, маркетинг - директорка во „Штраус Адриатик“ и Дуња Васиќ, директорка за развој на работењето во „Фруктис“. За крај, конференцијата ја одбележа и гостувањето на клучниот говорник Тони Дурхам, поранешен директор во „P&G“ за пазарите Европа, Индија, Блискиот исток и Африка, кој во својата педесетминутна презентација се осврна на темата „Знаењето за однесувањето на потрошувачите преведено во акција во малопродажното опкружување“.
Skopje Marketing Summit ќе се одржи онлајн на 2 јуни во организација на „Кликер маркетинг“. Тоа е настан наменет за сите маркетинг-професионалци, креативци и вљубеници во маркетингот и ќе биде бесплатен за следење. Повеќе информации погледнете на marketing-summit.mk. Пријавувањето е во тек.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
![]() |
Свет „Лидл“ ја унапреди понудата за веганите29 јун 2022
|
![]() |
Македонија КАМ ги зголеми платите и исплаќа регрес по 33.000 денари04 јул 2022
|
![]() |
Регион „Атлантик“ ја продаде „Паланачки Кисељак“29 јун 2022
|
![]() |
Македонија „Бимилк“ ја додели главната награда за 70 години постоење05 јул 2022
|
![]() |
Анализи ИГД: Создавање дестинациски хипермаркет30 јун 2022
|
![]() |
Македонија Нов „Киппер“ во Аеродром30 јун 2022
|