Регион

„ППК Карловачка месна индустрија“ ги стипендира идните месари

10 мај 2022

„ППК Карловачка месна индустрија“ во новата учебна година со по 1.000 куни месечно ќе ги стипендира учениците кои ќе ја изберат оваа професија и како компанија за стручна пракса ќе ја изберат „ППК Карловачка месна индустрија“. 

Во годините пред нас планираме да ја зајакнеме позицијата на домашниот и на странскиот пазар. За тоа да го оствариме, желба ни е да го збогатиме нашиот тим со нови квалифувани стручњаци. Затоа продолжување со стипендирање на ученици - месари, кои и тоа како се ценети и потребни во нашата компанија. Тоа е професија за која можеме да кажеме дека има сигурна иднина. Со месечната парична стипендија нудиме и бесплатни учебници, платена пракса, бесплатен топол оброк и други погодности. Можеме да им понудиме безгрижно школување, но и сигурно вработување по завршувањето на училиштето и  работа во стабилна компанија која ги цени знаењето и резултатите, изјави Игор Милјак, претедател на Управата на „ППК Карловачка месна индустрија“.  

Во моментов, на пракса во компанијата се 15 идни месари. Тие имаат можност да учествуваат во целиот производствен процес, притоа користејќи најмодерна технологија. 

tags:


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...