Во третиот бран, се зголемија приходите на висококвалификуваните работници, кои се кои се најуспешни, најефикасни и најиновативни.
Од 1 мај „Подравка“ продолжува со зголемување на платите на вработените. Така, во новиот бран на покачување ќе се зголемат платите за вработените со високо образование на кои според однапред дефинирани критериуми и правила им се признава работната ефикасност и извонредност, како и иновативноста и придонесот во деловните процеси на компанијата.
Со овој индивидуализиран пристап за оценување на успехот на работниците, идентификувани се 184 од нив, односно 30% на високообразовни работни места. Нивната бруто плата ќе се зголеми во просек за 13%, почнувајќи од платата за мај, чија исплата е во јуни.
Веќе во 2021 година, „Подравка“ почна циклус на зголемување на приходите, особено за оние работници со најниски плати. Во март 2022 година, порастот на платите продолжи да се зголемува со зголемување на коефициентите на успешност за сите работници и стапките на сложеност на работните места. Така, „Подравка“ за нешто повеќе од една година вложи речиси 8 милиони евра во зголемување на материјалните приходи на своите вработени. Со оваа инвестиција компанијата сака дополнително да ги награди талентите и високообразованите професионалци кои секојдневно вложуваат големи напори за поголема успешност на компанијата, изјави д-р сц Мартина Далиќ, претседател на Управниот одбор на „Подравка“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
![]() |
Свет „Лидл“ ја унапреди понудата за веганите29 јун 2022
|
![]() |
Македонија КАМ ги зголеми платите и исплаќа регрес по 33.000 денари04 јул 2022
|
![]() |
Регион „Атлантик“ ја продаде „Паланачки Кисељак“29 јун 2022
|
![]() |
Македонија „Бимилк“ ја додели главната награда за 70 години постоење05 јул 2022
|
![]() |
Анализи ИГД: Создавање дестинациски хипермаркет30 јун 2022
|
![]() |
Македонија Нов „Киппер“ во Аеродром30 јун 2022
|