Иван Зековиќ од оваа година е генерален директор на месната индустрија „Карнекс“, членка на „МК груп“. Тој се приклучи на менаџментот на компанијата во 2019 година, како извршен директор на фабриките за добиточна храна и добиток во „Карнекс“, а во декември 2020 година беше назначен за директор на новоформираната компанија „Carnex stočarstvo“.
Според компанијата, во текот на трите години поминати на овие позиции, Иван придонел за ревитализација на фармите, автоматизација на процесите на фармите и генерално за подобрување на бизнисот во секторот, што е една од појдовните точки за понатамошно успешно производство. На новата позиција во компанијата ќе придонесе за реализација на плановите на компанијата, деловната ефикасност и продуктивност и оптимизација на портфолиото, што го прави „Карнекс“ препознатлив лидер на нашиот пазар.
Годинава се фокусиравме на понатамошно проширување на пазарот, развивање нови продажни канали и зајакнување на нашиот тим, бидејќи наша заедничка цел е да го зачуваме брендот кој одбележа многу генерации низ регионот. Како еден од најголемите производители на храна, оваа година ќе се обидеме да им помогнеме на сите на кои им е потребна, како што правевме досега, особено во борбата против сиромаштијата и гладот, изјави Иван Зековиќ, новиот генерален директор на Карнекс.
Иван дипломирал на Земјоделскиот факултет во Нови Сад, а има десетгодишно искуство во нафтената индустрија на Србија.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
![]() |
Свет „Лидл“ ја унапреди понудата за веганите29 јун 2022
|
![]() |
Македонија КАМ ги зголеми платите и исплаќа регрес по 33.000 денари04 јул 2022
|
![]() |
Регион „Атлантик“ ја продаде „Паланачки Кисељак“29 јун 2022
|
![]() |
Анализи ИГД: Создавање дестинациски хипермаркет30 јун 2022
|
![]() |
Македонија Нов „Киппер“ во Аеродром30 јун 2022
|
![]() |
Македонија „Бимилк“ ја додели главната награда за 70 години постоење05 јул 2022
|