Четвртото издание на истражувањето за мислењата на српските потрошувачи за нови, променети, подобрени и иновативни производи за широка потрошувачка ги објави победниците. Како и сите претходни години, се вреднуваа иновативноста и новиот пристап, а единствен репер за успехот на производите и производителите беше задоволен и мотивиран купувач.
Наградите им се доделуваат на производители чии производи се нови или претрпеле своевидно подобрување, а квалитетот го препознаа потрошувачите кои учествуваа во истражувањето на светската истражувачка куќа NielsenIQ.
Годинашни победници се: прочистувач Vileda Steam 3.0, Dobra Oat Granola, влажни марамчиња за бебиња Kosili, Fairy Max Power, зачин за компири Dijamant način, пиво Zaječarsko Extra Filtered, Dijamant KetchUp и Laško Malt Mix Lemon.
Овие осум победнички производи, кои ќе бидат означени како „Избран производ на годината“ во наредната година, ќе продолжат да бидат тестирани од клиентите во секојдневна употреба, а според досегашното искуство на победниците, како на локално така и на глобално ниво, тоа значи очекуван раст на продажбата до 20%.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
![]() |
Свет „Лидл“ ја унапреди понудата за веганите29 јун 2022
|
![]() |
Македонија КАМ ги зголеми платите и исплаќа регрес по 33.000 денари04 јул 2022
|
![]() |
Регион „Атлантик“ ја продаде „Паланачки Кисељак“29 јун 2022
|
![]() |
Македонија „Бимилк“ ја додели главната награда за 70 години постоење05 јул 2022
|
![]() |
Анализи ИГД: Создавање дестинациски хипермаркет30 јун 2022
|
![]() |
Македонија Нов „Киппер“ во Аеродром30 јун 2022
|