Регион

„Светофор“ ќе отвори уште 23 продавници во Србија

31 мар 2022

И покрај кризата, рускиот трговец „Светофор“ до крај на 2023 година планира да отвори уште 22 продавници во Србија. 

„Светофор“ е дел од руската „Торгосервис“ групација која во Србија веќе има 18 маркети. 

Новоотворените маркети покажуваат добар одзив и побарувачка. Положбата на нашите маркети ги покрива речиси сите делови на земјата. До крајот на 2023 година планираме да отвориме уште 22 продавници, главно во големи градови во кои уште не сме присутни, но и во Белград, велат од „Светофор“. 

Првите маркети на трговецот во Србија беа отворени кон крајот на февруари минатата година во Суботица и во Крушевац. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...