Регион

„Менпром“ доби дозвола за извоз на производи од пилешко и мисиркино месо во ЕУ

14 јан 2022

Деликатесите од пилешко и мисиркино месо на „Менпром“ наскоро ќе се најдат на полиците низ Европа.

Оваа вест ја добивме како еден вид новогодишен подарок, а е дополнителен мотив и ветер во грб за одличната 2022 година која ни претстои, велат од компанијата.

Како што истакнуваат од компанијата, на крајот на 2008 година, „Менпром“ успешно го имплементира сертификатот ХАЛАЛ во производството. Покрај сертификатите, секојдневно се врши и здравствена контрола и контрола на квалитетот на производите во рамките на лабораторијата која е опремена со најнова опрема.

„Менпром“ успешно почна со извоз во Обединетите Арапски Емирати пред две години.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...