Регион

„Лидл“ влегува во Црна Гора, вработува 1.000 работници

31 дек 2021

Германскиот трговски синџир „Лидл“ забрзано се подготвува за влез во Црна Гора и планира во следните три години да отвори најмалку пет супермаркети, пренесе црногорскиот интернет портал „Инвеститор“. 

МОментално трговецот е во фаза на лобирање, односно „дејствување од позадина“ за да ги заврши сите правни и останати процедури.  Пред неколку дена беше објавена информацијата дека компанија поврзана со „Лидл“ ја предала понудата за купување на 13,2 илјади квадратни метри земјиште во подгоричкиот „Сити кварт“, за што понудила 3,73 милиони евра. 

Дека „Лидл“ стигнува во Црна Гора наговести и министерот за економски развој Јаков Милатовиќ, кој на состанок со стопанствениците рече дека го радува доаѓањето на инвеститор од Западна Европа кој ќе има благотворно влијание врз пазарот. 

Најавата дека „Лидл“ ќе отвори 1.000 работни места, се поклопува со големината на најголемиот конкурент - синџирот „Воли“. 

Пред неколку години „Лидл“ стигна во Србија, наскоро се очекува отворање на првите објекти во БиХ, а трговецот регистрираше компанија и во Македонија. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...