Регион

Србија ги замрзна цените на брашното, маслото, шеќерот

01 дек 2021

Српската влада ги ограничи цените на основните прехранбени продукти. Ограничувањето на цените ќе се однесува на шеќер, брашно од тип 400, сончогледово масло за јадење, свински бут и млеко со 2,8 отсто млечна маснотија. 

Ценовното ограничување е поставено со цел да се отстранат штетните последици од инфлацијата и да се спречат нарушувања на пазарот. Притоа, оваа одлука нема да се однесува на намалени цени како продажби, сезонски попусти или специјални распродажби, туку на редовни, односно на цени пред попусти.

Одлуката, која ќе се применува за период од 60 дена, предвидува и производителите да не смеат да ги испорачуваат овие производи во количини помали од просекот во последните 12 месеци.

За непочитување на наведените одредби предвидени се парични казни во износ од 100 илјади, до два милиони српски динари ( од 850 евра до 17.000 евра).



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...