Регион

БиХ забрани увоз на 16 тони кинеско какао

25 ное 2021

Санитарната инспекција на Босна и Херцеговина забрани увоз на 16.000 килограми какао во прав по потекло од Кина. Причината е здравствена неисправност. 

Со хемиска анализа на примероци земени при редовната контрола на прекуграничен промет со стоки, утврдивме недозволена количина на кадиум која ги надминува вредностите дефинирани со одредбите од Правилникот за највисоки дозволени количини на одредени контаминати во храната, соопштија од Федералната управа за инспекциски работи. 

Пратката е во вредност од 46.000 конвертибилни марки. Санитарната инспекција наложи какаото да му се врати на испраќачот. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...