Регион

„Лидл“ донира 6,5 тони храна во Србија

09 ное 2021

Трговскиот синџир „Лидл“ и неговите потрошувачи се приклучија кон хуманитарната кампања „Да ја спасиме храната, да ја спасиме хуманоста“ и заедно донираа 6, 5 тони храна. 

Направени се 500 пакети со прехранбени производи за оние на кои им се неопходни. 

Горди сме на нашите потрошувачи кои одговорија на повикот да направиме добро дело и заедно да помогнеме. Заедно, покажавме дека можеме да предизвикаме позитивни промени. Само со оваа акција успеавме да помогнеме на 500 семејства во Србија кои живеат на работ на сиромаштија, изјави Марина Петровиќ, ракободителка на одделот за корпоративни комуникации во „Лидл“ - Србија. 

По повод националниот ден на дарување, во октомвру, во „Лидл“ продавниците ширум Србија потрошувачите собраа и донираа повеќе од 4,5 тони храна. Синџирот додаде уште 2 тони. Пакетите беа дистрибуирани преку граѓански организации. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...