Регион

„Волт“ отвора виртуелни продавници во Хрватска

18 окт 2021

„Волт маркет“ ќе отвори виртуелни продавници во Хрватска. Првата ќе ја отвори својата „виртуелна врата“ во Загреб, пред крај на годинава. Планирани се уште неколку такви продавници во текот на следната година. 

Трговецот ќе понуди избор од 1.500 - 2.000 производи со достава во рок од 15 минути од моментот на нарачката. 

Воодушевени сме што оваа година можеме да го донесеме „Волт маркет“ во Хрватска. „Волт“ изгради неспоредливо корисничко искуство во многу домени, како што се дизајн на апликации, ширина на понудата и брзо време на испорака. Повратните информации што ги добивме од други земји ни даваат увереност дека сме на добар пат. Нестрпливо чекаме да видиме како нашите продавници ќе се развиваат тука и да дознаеме повеќе за тоа како можеме да пружиме најдобра услуга за нашите клиенти, изјави Матко Катанец, регионален директор на „Волт“.  

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...