Регион

„Бери Калебаут“ отвори фабрика во Нови Сад

07 окт 2021

Швајцарската компанија „Бери Калебаут“ денеска во Нови Сад отвори фабрика за чоколадо во која ќе работат повеќе од 100 луѓе. 

Изградбата на фабриката почна во март минатата година, а годишно ќе произведува по 50.000 тони чоколадо. Тоа ќе биде трета најголема фабрика за чоколадо во Југоисточна Европа. 

За оваа инвестиција, швајцарската компанија доби субвенции од буџетот на Србија во висина од 14,2 милиони евра. 

„Бери Калебаут“ е најголем поединечен преработувач на како во светот, со седиште на компанијата во Цирих. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...