Регион

„Подравка“ го одложи почетокот на производството во фабриката кај Мостар

04 окт 2021

Почетокот на производството во фабриката за храна во Крушево кај Мостар, кој е заеднички проект на компанијата „Маринада“ и „Подравка“, е одложен за една година.

Фабриката ќе има 60% поголем производствен капацитет отколку што беше планирано на почетокот од 2020 година. Од таа причина, инвестицијата е значително зголемена, а почетокот на производството во фабриката се очекува во 2022 година.

Причината за пролонгирање на почетокот на новата фабрика за една година лежи во недостигот на материјали на светскиот пазар од кои се произведуваат погони за преработка на овошје и зеленчук.

Камен-темелникот за изградба на фабриката за преработка на домати на „Подравка“ беше поставен во јуни минатата година, откако компанијата потпиша договор за стратешко партнерство со компанијата „Маринада“, со што хрватскиот прехранбен гигант целосно го презема управувањето.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...