Регион

Хрватска: „Њу бејкери“ се сели во нова фабрика

17 сеп 2021

Компанијата „Њу бејкери“ најави преселување во нова фабрика која се наоѓа во Загреб, на улицата „Лединска“ 35. 

„Њу бејкери“ се профилираше како најголема фабрика во ЕУ - минатата година произведе 25 милиони парчиња баклава. 

Ја позициониравме Хрватска на картата на светот како значаен производител на баклава, снабдувајќи ги најголемите светски трговски центри. Меѓу нив се „Маркс & Спенсер“, „Волмарт“, „Алди“ и други. Нашите баклави се наоѓаат на полиците во маркетите во земјите од регионот, во ЕУ, во Велика Британија, САД, Канада, Јужноафриканската република и Австралија, соопштија од компанијата.  



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...